Активности за уредување на училишните дворови во Василево и Висока Маала

„Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со последните активности на уредување на училишните двпорови во населените места Василево и Нова Маала.

Во Василево, уреден е просторот пред спортската сала во дворот на ООУ „Гоцед Делчев. Истиот е насипан и тампониран. Истата активност е спроведена и пред подрачното училиште во Висока Маала, каде во завршна фаза е и реновирањето на постојниот училишен објект.

Градоначалникот Андонов, ги  најави и  активностите на порамнување и расчистување од наноси на земја и песок на локалниот пат што води кон населеното место Висока Маала. Со оглед на состојбата на терен, работите на овој пат ќе се одвиваат и во наредните денови.

Сите овие активности општина Василево ги спроведува во партнерство и соработка со ЈПКД „Турија Василево и двете основни општински училишта, ООУ „Гоце Делчев“, Василево, и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала.

1
3

16

8 12

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail