Активности од областа на комуналната сфера во Нова Маала и Добрашинци

„И денес координирани активности во населеното место Нова Маала и Добрашинци“, се огласи преку својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во врска со тековните активности кои општината ги спроведува во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево во населените места кои го празнуваат празникот Успение на Пресвета Богородица.

„Денес исчистен е од наноси и вегетација патот од Слобода до Добрашинци. Тампонирана е улица во Нова Маала каде беше отежнато движењето на населението поради големи оштетувања на истата. Општина Василево и понатаму ќе продолжи да ги подобрува условите за живот во сите населени места, согласно своите можности. За поубаво Василево“, порача градоначалникот Андонов.

1 3 4 5

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail