Асфалтирана улицата во населеното место Пиперево

Општина Василево денес ја асфалтираше улица во населеното место Пиперево, планирана со Програмата за изградба на локални патишта за 2022 година. „Со асфалтирањето на оваа улица, општина Василево за оваа година ги завршува планираните асфалтирања. Патната инфраструктура и во наредната година останува на агендата на општина Василево. Со уште поголема енергија продолжуваме и во 2023-та се додека и последната уличка не биде асфалтирана“, изјави градоначалникот на општина  Василево,Славе Андонов,  кој денес на лице место го следеше асфалтирањето, како последна фаза од изградбата на оваа улица.

Должината на оваа улица изнесува 173 метри, ширината околу 3,5 а вкупниот Буџет за нејзина реализација, 883 762 денари, кои општината ги обезбеди од сопствени извори на приходи.

Работите на терен ги резлизира градежната компанија Бони интерградба, ангажирана од општина Василево како компанија која на тендерот за изградба и реконструкција на локални патишта и улици достави најповолна понуда.

DSC_0457_1024x681 DSC_0458_1024x681 DSC_0462_1024x681 DSC_0467_1024x681 DSC_0471_1024x681 DSC_0476_1024x681 DSC_0485_1024x681 DSC_0494_1024x681

DSC_0472_1024x681

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail