„Пред една година ветив асфалтирање на оваа улица во Седларци, од прв ден работиме посветено и фокусирано на решавање на децениски проблеми на нашите сожители. Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Оваа локална улица ќе го подобри секојдневното живеење на граѓаните од оваа населените место“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по повод асфалтирањето на улицата во населеното место Седларци.
Улицата е долга 160 метри и широка околу 3 метри и истата се реализира во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2022 година. Буџетот во износ од 744 558 денари општината го обезбеди од сопствени извори на приходи. Изведувач на градежните активности на терен е Бони интерградба, компанија која на јавни објавениот тендер достави најповолна понуда.
Градоначалникот Андонов најави изградба на улици и во останатите населени места од општина Василево: Наредниот период ќе започнеме со изградба на улици во Висока Маала, Сушево, Дукатино, Едерниково, Владевци, Добрашинци“, напиша Андонов.