Во населеното место Сушево заврши изградбата на улицата која води кон селската црква. Должината на асфалтната лента изнесува 112 метри а ширината околу 3 метри. Со изградбата на улицата опфатена е и целосна реконструкција на постојниот потпорен ѕид во должина од 30 метри и висина од околу 1,3 метри.
Вкупниот Буџет за оваа инвестиција изнесува околу 320 000 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Василево.
Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, објавена на ФБ профилот на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, оваа улица е од Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2020 година и истата како приоритет за изградба е предложена од граѓаните на ова населено место на една од средбите со градоначалникот, при планирањето на општинските Програми.
Изведувач на градежните работи на терен е компанијата Пешо инженеринг.





