Асфалтирана улицата во т.н Ничевска маала во с. Василево

„По приближно една година од непристојните услови кои ги имаа граѓаните од Ничевска Маала во Василево, денес се реши и тој проблем. После подолг временски период се изведуваат финалните работи односно асфалтирањето на дел од локален пат во Василево кај Ничевска Маала. Граѓаните поминаа низ тежок период во овој дел на Василево. Заедно со мојот тим од општината и фирмата изведувач, сериозно пристапивме на овој проблем и еве денес со гордост можам да кажам дека успешно го решивме“,  напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по повод целосното завршување, односно асфалтирање на улицата во т.н Ничевска маала.

Асфалтирањето на овој дел  значи комплетна реализација на проектот Реконструкција на улица во Василево од црква Пресвета Богородица до ООУ„Гоце Делчев“ – проект вреден околу 6,5 милиони денари од кои 2 000 000 денари општината ги обезбеди преку Министерството за локална самоуправа од  Бирото за регионален развој,  и околу 4,5 милиони денари обезбедени од сопствени извопри на приходи.  Вкупната должина на улицата од црквата до училиштето изнесува 720 метри.

„Продолжуваме со реализација на ветувањата дадени кон нашите сограѓани. Се подобрува патната мрежа во сите населени места и покрај тешката финансиска состојба на општината. Во наредниот период ќе започнеме со реализација и на голем број други проекти во сите населени места во општина Василево“, информира градоначалникот Андонов, притоа потенцирајќи дека се градат улици во населените места: Радичево, Сушево,Висока Маала,  Чанаклија, Пиперево, Седларци, Градашорци, Едерниково, Ангелци и  Нова Маала, за кои неодамна беше распишана јавна набавка и направен избор на градежна компанија која ќе ги ризведува работите на терен.

„Продолжуваме да го реализираме она што го ветувавме. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро за модерна општина Василево. Продолжуваме во останатите населени места. Еднаков и рамномерен развој на сите населени места“, ветува градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

301669951_10226419450171250_12678311836711945_n 301674547_10226419450091248_6498229674286305730_n 301762477_10226419450011246_1599655266839722882_n 301828541_10226419449971245_5539051351707908253_n 301845223_10226419450051247_4733350189351537070_n 301957431_10226419449891243_5682182586460269779_n 301995047_10226419450211251_8294681324656250968_n

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail