Викендов, во населеното место Пиперево се асфалтираше улицата која води кон гробиштата во должина од 290 метри и ширина од околу 5 метри, која варира во зависност од состојбата и условите на лице место.
„Жителите на Пиперево добиваат подобра инфраструктура со која значително се подобруваат условите за живот“, информираше преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24/, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој за време на изградбата на улицата, беше на терен и изврши увид во одвивањето на тековните активности.
Вкупниот буџет за изградба на оваа улица изнесува 1 512 866 денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево.
Улицата е од Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улица во општина Василево за 2021 година.
Изведувач на градежните активности е компанијата Бони интерградба од Штип.





