Асфалтирани две улици во село Едрениково

Општина Василево денес асфалтираше две улици во населеното место Едрениково. Eдната е од Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2022 година, со што и практично се заокружува изградбата на сите улици планирани со оваа Програма. Другата  е од  Програмата за 2023 година и  со неа  всушност општината ја стартуваше реализацијата на годинешната Програма со која се планирани вкупно 13 улици.

Што се однесува на техничките податоци, едната улица, односно онаа од минатогодишната Програма е со должина од 115 метрии, ширината 3 метри и Буџет од 514 381 денари, обезбеден од општинската каса.

Другата улица е со должина од 65 метри  и  ширината од околу 3метри и Буџет од 264 285 денари исто така обезбедени од изворните приходи на општината.

Изведувач на градежните работи и за двете улици е компанијата Бони интерградба, компанија чија понуда е избрана како најповолна на јавно објавените тендери за изградба на локални патишта и улици во општина Василево во 2022 и 2023 година.

DSC_0624_1024x681 DSC_0629_1024x681 DSC_0632_1024x681 DSC_0635_1024x681 DSC_0636_1024x681

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail