Бесплатен училишен прибор за првачињата во општина Василево

На првачињата кои на први септември ќе седнат во училишните клупи, општината им подготви бесплатен училишен прибор.

„Намерата ни е  на тој начин да им посакаме добредојде во училиштето  и да им го разубавиме првиот училишен ден, кој за сите првачиња е незаборавен. Како локална самоуправа, подеднакво водиме грижа за сите наши сограѓани,  а овој чин е внимание кон нив како членови на нашата заедница но и почит кон еден од најважните денови во нивниот живот“, е ставот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој ја продолжува традицијата на дарување бесплатен училишен прибор на првачињата на првиот училишен ден.

Според информации од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала, уписите за првачињата сеуште траат и како што покажува искуството од претходните години, дечиња кои од различни причини не се запишале во термините во кои се спроведувале уписите, се запишуваат и во деновите од месец септември. Бројката на запишани првачиња во ООУ „Гоце Делчев“ е 60 (шеесет) дечиња, а во ООУ „Атанас Нивичански“, 39 (триесет и девет).

И во двете основни општински училишта, на првиот училишен ден,  првачињата ќе бидат дочекани на свечен начин, со програма, специјално подготвена за нив од нивните повозрасни другарчиња.

бесплатен училишен прибор

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail