Благодарница за Градоначалникот Андонов од „Маратон“, Струмица

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, беше домаќин на  претседателот на Планинарскиот спортски клуб „Маратон“ од Струмица Ѓорги К`рмзов, кој во знак на благодарност за покровителството на планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“,  му врачи Благодарница за помагање и унапредување на планинарските спортови.

Општина Василево, години наназад е покровител на овој планинарски марш кој се одржува во организација на планинарскиот клуб Маратон од Струмица.

Градоначалникот Андонов, примајќи ја  Благодарницата го  нагласи својот став и подготвеноста на општина Василево и во наредните години да биде покровител на овој масовен настан и на тој начин да го популаризира планинскиот спорт,  убавините богатствата и спецификите на  општина Василево.

Маршот се изведува по патеката по која во далечната 1902 година, американската мисионерка Мис Стон заедно со нејзината придружничка  Катерина Цилка, придружувани од локалниот војвода Атанас Нивичански-Брадата, се движеле од Малешевијата до с. Градашорци и Струмица, каде биле разменети за одредена сума пари наменета за купување оружје за целите на Револуцијата.

Планинарскиот марш „По патеките на  Мис Стон“ е традиционален и годинава се одржа по 12-ти пат.

naslov

2

1

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail