Богојавление- Водици одбележан во населените места на општина Василево

„БОГ СЕ ЈАВИ! Во духот на нашата православна христијанска вера, денес на повеќе места во нашата општина, во осветените води беше спуштен светиот Крст. Прекрасен празничен ден во населените места во Општина Василево, заедно со народот, нека е за многу години!
Најсреќните беа дарувани од страна на Општината. Посакувам мир, здравје,љубов и разбирање на целиот македонски народ. За многу години!  Христос е се!“,  напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по вчерашното одбележување на Христовото крштевање- настан на кој присуствуваше и Градоначалникот.
Во повеќе населени места на општина Василево, по утринската богослужба, водите беа осветени со обредното спуштање на осветениот крст. Во населените места Василево, Пиперево, Владевци, Сушево и Добрашинци,  крстот беше спуштан во речните корита а во останатите во специјално за таа намена изградените  базени во дворовите на црковните храмови. Најсреќните, оние кои први стигнаа и го извадија крстот од водите, општината ги награди, а за најсреќниот во Василево награда обезбеди и компанијата ЗЕГИН.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail