По повод големиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, учениците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево организираа Велигденски базар со хуманитарен карактер. На присутните, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, им понудија велигденски јајца, слатки изненадувања и свои изработки инспирирани од празникот а подготвени со помош од наставниците и родителите.
Иста ваква хуманитарна акција под мотото Велигденски сладок панаѓур организираа и основците од подрачното училиште во Ангелци.
Средствата собрани во двете Велигденски активности ќе бидат донирани како помош на лице на кои му се неопходни.





