По повод празникот Воскресение Христово – Велигден, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов на своите сограѓани, Православни Христијани им упати честитка.
Почитувани сограѓани, верници, Православни Христијани
Од мое лично име и од име на општина Василево, како градоначалник и верник , Ви упатувам честитка по повод најрадосниот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Во деновите кога ние православните Христијани го славиме воскресението Христово, кога меѓусебно ја споделуваме радосната вест, кога се поклонуваме на победата на животот над смртта и ја шириме пораката за чудесната моќ на Бог, посакувам празничниот дух да ги исполни вашите души, да го избрише јадот од вашите срца и мир божји да завладее во вашите домови.
Во духот на празникот и православното учење, стремејќи се кон вечниот живот, со сопствен пример, преку нашето секојдневно однесување и дејствување, да шириме мир и спокој, надевајќи се на подобри денови во кои ќе царува хармонија, сочувство и човечност.
Да си подадеме рака еден на друг, со позитивна мисла, благ збор и убава желба да допреме до сечие срце.
Радоста на воскресението нека ја врати верата во животот, да му дозволиме на доброто да надвладее над злото, да загосподари со нас и да не води на патот кон вечниот живот.
Да го славиме животот, да му се радуваме и да уживаме во секој миг поминат со најблиските.
Почитувани мои,
Ви посакувам добро здравје, среќа, благосостојба и мирен духовен живот.
Нека ни е честит Велигден, да сме сите живи и здрави.
Христос Воскресе
Навистина Воскресе





