Вечерва, со почеток во 20,00 часот,во населеното место Владевци, ќе започне турнирот во улична кошарка Street basket Владевци 2022, кој традиционално се одржува по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, кој воедно е и селска слава во ова населено место.
Во двата натпреварувачки денови, 26 и 27 август силите ќе ги одмерат вкупно 8екипи и тоа по една од Берово, Радовиш, Колешино, Василево, Босилово, Владевци и две екипи од Струмица.
Вкупниот награден фонд изнесува 30 000 денари.
Главен покровител на турнирот е општина Василево.