Во Василево, во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, по повод Рамазан Бајрам, под покровителство на општина Василево се одржа турнир мал фудбал.
Информацијата за возобновениот Рамазански турнир, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој присуствуваше на овој спортски настан.
„Рамазанските денови, се денови на добрина, солидарност и обединување помеѓу луѓето.
Ветеното го реализиравме, повторно се возобнови турнирот во мал фудбал, организиран за најголемиот исламски празник Рамазан Бајрам во Општина Василево .
Да се почитуваме и да бидеме сплотени за заедно да успееме.Се надевам дека овој турнир ќе стане се поголем и традиционален.
Овој турнир и понатаму ќе ја има подршката од општина Василево.
Честитки до организаторите Ajhan Demov и Burhan Isinov .
Турнирот е организиран со финансиска поддршка на општина Василево и истиот е планиран со Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето во Општина Василево за 2023 година.





