Денес, 12.04.2016 година со почеток во 15,00 часот Советот на општина Василево ќе одржи вонредна седница со единствена точка на дневен ред:
Предлог-одлука за давање согласност да се аплицира со проектот „Водоводна мрежа и интегрирана мрежа управувана преку далечински мерачи со цел мониторинг на квалитетот на водата и истекување на системот за водоснабдување со користење на безжична комуникација во двата погранични региони“ преку Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Македонија 2014 – 2020.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





