Во Василево реализирана успешна крводарителска акција

Денес во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, ОО на Црвениот крст од Струмица и Центарот за трансфузиона медицина во соработка и поддршка на општина Василево реализираа успешна крводарителска акција во која беа собрани 21 крвни единици.

Граѓаните од општина Василево, како и вработените во локалната самоуправа и општинските институции и установи, традиционално, се вклучија во акцијата на дело покажувајќи ја својата хуманост.

Акцијата се одржа во периодот од 09,00 до 14,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, за чија поддршка, општина Василево изразува благодарност

DSC_0863_1024x681

DSC_0866_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail