Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес, направи увид во тековните градежни активности кои се одвиваат во населеното место Василево, каде се изведуваат три различни проекти на три локации: Реконструкција на Домот на културата, Изградба на крак од фекалната канализација и Реконструкција на училишното игралиште.
„Активностите и на трите проекти се во напредна фаза. На Домот на културата поставени се прозорците како и металната конструкција за кровот, а и тековно се работи на подготовка за фасада. Училишното игралиште е во фаза на бетонирање, а со предвидената диманика се одвиваат и активностите на изградба на кракот од фекалната канализација“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, задоволен од динамиката со која се одвиваат овие градежни активности.
Вкупниот Буџет за реконструкциија на Домот на културата изнесува околу 13 700 000 од кои дел се обезбедени од БРР а дел од општинската каса со Одлика на Советот на општина Василево.
Средствата за реконструкција на игралиштетео во висина од околу 5 000 000 денари, општината ги обезбеди од сопствените извори на приходи како и средствата за изградба на кракот од фекалната канализација, чија должина изнесува 753 метри.





