Во Василево се одржа Информативен ден за искористување на средствата од ИПАРД 3 Програмата

Претставници од Телото за управување со ИПАРД (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, во соработка и координација на општина Василево, во Домот на културата во Василево остварија средба со земјоделците  за информирање за можностите, условите и постапките за аплицирање на тековниот јавен повик за искористување на средства од ИПАРД 3 Програмата.
Пред присутните заинтересирани корисници, образложена беше мерка 1 од ИПАРД “ Програмата 2021-2027, наменета за примарното земјоделско просизводство, образложена беше постапката за користење на средствата односно подготовката на документацијата и текот на аплицирање.
На средбата присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој споделувајќи ја информацијата за настанот преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, изрази и јавна благодарност за активноста до сите вклучени страни: „Во Општина Василево се одржа инфо ден за информирање на земјоделците за можностите и финансиските средства кои ги нуди ИПАРД Програмата 2021-2027.  Присутните беа информирани со мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства но и детално со условите и постапките за аплицирање на средства од ИПАРД Програмата. Благодарност до претставниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кои во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овозможија земјоделците да добијат корисни информации за инвестиции во земјоделството“.
Крајниот рок за поднесување на Барањата по овој Јавен повик е 29-ти март 2025 година.
Сите заинтересирани, дополнителни информации може да добијат на следниве телефонски броеви и веб страници:
Тело за управување со ИПАРД фондовите, https://ipard.gov.mk, тел. 02-3134-477, локал 113, 114 и 115
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, http://www.ipardpa.gov.mk, тел.02-3097-460 и 070 229-434
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, http://agencija.gov.mk/, тел. 047 228-330 и 047-228-370

 

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail