Денес, во Василево во организација на Црвен крст Струмица и Службата за трансфузиона медицина и во соработка и поддршка на општина Василево се спроведе акција на доброволно дарување крв.
Организаторите задоволни од одзивот, кој и покрај специфичниот период, време на годишни одмори и високи надворешни температури, беше на високо ниво.
Вработените во општинските институции но и останатаите граѓани од населените места на општина Василево уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело, вклучувајќи се во денешната акција на доброволно дарување на крв.
Акцијата се спроведе во просториите на локалната самоуправа во Василево.





