Во населеното место Василево, општина Василево во соработка со Црковниот одбор на црквата Пресвета Богородица, спроведе активност на отстранување на отпадот од селските гробишта како и расчистување на депонијата во ова населено место. Преку својот ФБ профил, www.facebook.com/vasilevo24, за оваа како и за активностите планирани во наредните денови информираше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов:
„Во координација со Црковниот одбор во Василево исчистени се гробиштата . Исфрлени се неколку трактори со отпад од различен карактер. Се расчистува и депонијата во Василево, а наредните денови ќе следува и чистење на главната улица.
Градоначалникот Андонов апелира до граѓаните за поголема одговорност кон околината и животната средина, нагласувајќи дека условите во кои живеат граѓаните зависат од нив самите: „Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, нагласува Андонов.





