Во Градашорци се асфалтира на четири локации

Денес, општина Василево, во населеното место Градашорци асфалтира на четири локации или вкупно 912 м2 асфалт на трите улици и реконструкцијата пред еден од мостовите. Улиците се на различни локации и со должина од 116, 95 и 30 метри и ширина од по околу 3,5 метри. Нивната изградба е планирана со Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во општина Вaсилево за 2023 година.

Увид во градежните работи направи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој  задоволството  од успешно реализираните активности го сподели со најдиректните јкорисници – жителите кои секојдневно ги користат овие улици.

„Градежните активности во Градашорци започнати пред десетина денови, денес, на задоволствво на граѓаните од ова населено место ги финализираме. Со тоа  целосно стоиме зад нашите заложби за подобрување на условите во сите населени места. Задоволството на нашите граѓани е мерило за успехот на општина Василево“, е ставот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на чија работна агенда постојано е и подобрувањето на локалната патна инфраструктура.

Средствата за денешното асфалтирање во Градашорци, вкупно изнесуваат 1 337 435  денари и истите се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

DSC_0752_1024x681 DSC_0754_1024x681 DSC_0760_1024x681 DSC_0762_1024x681 DSC_0764_1024x681 DSC_0768_1024x681

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail