Во Градашорци се одржа Манифестацијата Ден на празот

Дворот на црквата Св. Никола во Градашарци беше претесен за да ги собере присутните посетители на вчерашната Мнифестација Ден на празот, која се одржа во организација на општина Василево и покровителство на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

Од 2008година, па до сега, Манифестацијата успешно прави спој на промоција на празот, земјоделска култура која традиционално се одгледува во населеното место Градашорци, промоција на општината и поднебјето како земјоделски крај со забава и разонода за сите генерации притоа имајќи влијание и во развојот на руралниот туризам кој особено последните неколку години е во експанзија.

Присутните посетители не само што имаа можност да си купат праз од локалните производители, туку и на лице место да дегустираат храна со праз,  специјално подготвена за манифестацијата од домаќинките од Градашорци и околните населени места.

Свое обраќање на Манифестацијата имаше Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој поздравувајќи ги присутните им се заблагодари дека токму овој ден одлучиле да го поминат во Градашорци и притоа им порача со себе да си понесат од најквалитетниот, надалеку познат по својот квалитет праз, Грдашорскиот, но и секако да ја пренесат пораката за неговиот квалитет и Манифестацијата која во негова чест секоја година  се одржува првата недела од месец ноември во период кога кога е во ек собирањето на празот од нивите и неговиот пласман.

Манифестацијата која одамна е бренд за општина Василево имаше и богат културно забавен дел во кој со свои музички и литературни изведби  учествуваа учениците од двете основни општиснки училишта Гоце Делчев и Атанас Нивичански, КУД „Сушевски бисери“ од Сушево со сплет од ора од својот репертоар  и естрадните уметници Благица Калева и Андријана Јаневска.

Меѓу бројните домашни и странски гости беа и градоначалникчката на збратимената општина Понтенуре, Р.Италија, претставници од општина кресна, Р.Бугарија, амбасадорите на Р.Италија и Р.Австрија во Р.Македонија, претставници од верските заедници, градоначалници, пратеници, претставници од политичките партии како и бројни соработници и партнери на општина Василево.

398745315_10229496347971772_3982667234352506206_n_1024x684 398751983_10229496350131826_8796252981931059621_n_1024x684 398852800_10229496346651739_2623459937984572194_n_1024x768 398856849_10229496350771842_3512273914632658582_n (1)_1024x684
398871837_10229496350891845_5549177509464239218_n_513x768 398886417_10229496351251854_5569984431922580781_n_1024x684 398895620_10229496354091925_348400376887767894_n_1024x684 398901393_10229496352611888_8489503706394941392_n_1024x684 398909422_10229496353451909_6088329103656973274_n_512x768 398913725_10229496348371782_8102091138323240204_n_513x768 398939078_10229496344531686_3217820297256253133_n_513x768 398944528_10229496347811768_2334920877455379911_n_1024x684 398951941_10229496354411933_7730692108748794943_n_1024x684 398954307_10229496349891820_5816569503004568718_n_1024x684 398962555_10229496342931646_3049044435978892281_n_1024x684 398964337_10229496346211728_2621548062955413634_n_513x768 398965169_10229496353011898_7367348503983384464_n_1024x682 398969431_10229496347251754_464882635255707234_n_1024x684 398971471_10229496351571862_3258957946137902965_n_1024x684 398978467_10229496351011848_7560479795240790949_n_1024x684 398996216_10229496352531886_68366268127457420_n_1024x684 399026325_10229496354771942_6270875708545704118_n_1024x684 399153611_10229496351491860_4729914907825765131_n_1024x684 399263443_10229496352891895_7182863564743128435_n_1024x682 399509895_10229496350571837_6650914553389099123_n_1024x684

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail