Во петокот, 25.04.2025 година, во с. Добрашинци започна традиционалниот Велигденскиот турнир во мал фудбал, Добрашинци 2025 со натпревар меѓу екипите Вистони ЖП и Фурна Марфи. Градоначалникот на општина Василево, на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, споделувајќи ја информацијата за стартот на турнирот, на сите учесници им посака успех и вети дека поддршката од страна на општина Василево нема да изостане и во иднина. „Турнирот во Добрашинци секогаш ќе ја има подршката од општина Василево. Им посакувам успех на сите пријавени екипи и се надевам дека целиот турнир ќе се одвива во фер и спортска атмосфера и ќе победи најдобриот“, стои во објавата на Градоначалникот.
На турнирот учествуваат вкупно 12 екипи, распоредени во четири натпреварувачки групи.Група А: Вистони ЖП Босилово, Галатасарај и Фурна Марфи Радовиш. Група Б: Доброшинци, ФК Сарај и Шветцинген. Група В: Васфил сонце, ТК Сеќе и Блатанс ДООЕЛ и Група Г: ФК Дрвош, З пласт Муртино и Чанаклија.
За трите првопласирани екипи како и за најдобриот играч и голман планирани се награди.
Покровител на турнирот е општина Василево.
Турнирот продолжува вечерва со почеток во 19,00 часот а ќе се одиграат последните два натпревари од групната фаза и ¼ финалето. За сите деталите, заинтересираните можат да се информираат на ФБ страната на Турнирот, https://www.facebook.com/turnirvomalfudbaldobroshinci.





