Втора година по ред, во населеното место Едрениково, во организација на општина Василево се одржаа Ѓурѓовденските средби.
Во предвечерјето на Христијанскиот празник Ѓурѓовден, манифестацијата на едно место ги собра жителите и пријателите на Едрениково, кои во убав амбиент, со програма подготвена од учениците од Едрениково и збогатена со изведбите на КУД „Илинден“ од Радичево го започнаа празнувањето на Ѓурѓовден кој воедно е и селска слава во ова населено место.
Присутните ги поздрави и манифестацијата ја прогласи за отворена градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов.
Манифестацијата Ѓурѓовденски средби во Едрениково е планирана со Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2016.





