Во населеното место Чанаклија се асфалтираат две улици

Денес, локалната самоуправа Василево, во населеното место Чанаклија врши асфалтирање на две улици, чија изградба започна пред десети денови. Едната од улиците води покрај Котоличката црква, а другата е на излезот од населеното место и всушност претставува поврзување со локалниот пат во правец на населеното место Гечерлија .

Едната улица е со должина од 70 метри , а другата 100 метри и ширина на секоја од нив по околу 3,3 метри.

Буџетот за овие две улици изнесува 342 608 денари за онаа од 70 метри  и 471 224 денари  за 100 метарската.

Средствата се обезбедени од општинската каса.

DSC_0672_1024x681 DSC_0680_1024x681 DSC_0683_1024x681 DSC_0687_1024x681 DSC_0689_1024x681 DSC_0693_1024x681

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail