Општина Василево започна со изградба на улицата покрај џамијата во населеното место Нова Маала, со што ја стартуваше и реализацијата на годинешната Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици.
На стартот на градежните активности увид направи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов. „Почнуваме со градежни активности на една од клучните улици во турското маало во нова маала. Денес направивме увид во градежните активности на улица покрај Џамијата во Нова Маала која е една од најголемите и најзначајна улица. Оваа улица ќе добие асфалт по поставувањето на нов тампон. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните“, напиша градоначалникот Андонов на својот ФБ профил.
Според податоците од техничката документација, должината на оваа улица изнесува 180 метри а ширината околу 3 метри, односно ќе бидат асфалтирани вкупно 560 м2 .
Согласно Договорот со компанијата која ги изведува градежните активности на терен, буџетот за изградба на оваа улица изнесува 881 935 денари, средства обезбедени од општинската каса.





