Заводот за трансфузиона медицина во соработка со ОО на Црвен крст, Струмица и општина Василево, денес во просториите на општинската зграда, спроведоа акција на доброволно дарување на крв, прва во оваа календарска година.
Вработените во локалната самоуправа како и обично ја покажаа својата хуманост на дело, и со ова прво дарување крв во оваа година, се вклучија во борбата за спасување човечки животи.
Со петнаесетина собрани крвни единици и четири нови крводарители кои од денес се дел од големото семејство на крводарители, организаторите задоволни од денешната акција но и со насоки за поттикнување и мотивирање на граѓаните, преку информирање за фактите за крводарителството:
Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.
Организаторите им се заблагодаруваат на сите учесници во денешната акција и им посакуваат здравје и долг живот.





