Викендов, во населеното место Василево се одржа официјален настан на доделување земјоделска механизација од страна на ТИКА, на земјоделци од турска националност кои живеат во населените места на поширокиот регион.
На настанот присуствуваа Н.Е амбасадорот на Р.Турција во Р.Македонија, Фатих Улосој, заменик претседателот на ТИКА, Махмут Чевик, претседателот на МАТУСИТЕБ (Сојуз на турските невладини организации во Македонија) Тахсин Ибрахим и претседателите на турските партии во Р.Македонија.
Како домаќин на настанот, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, поздравувајќи го овој чин нагласи дека заедно со субвенциите од Владата на Р.Македонија и оваа директна помош од ТИКА, во голема мера ќе се помогне на земјоделците во процесот на производство. „Општина Василево е позната по мултикултурализмот, општина позната по соживотот, општина позната по одгледувањето на раноградинарските култури. Народот кој што живее во нашата општина е трудољубив и вреден. Сите знаеме дека општина Василево е позната по одгледувањето на земјоделски култури, на полјоделски култури. Општо е познато дека нашата општина е една од ретките општини во Р. Македонија која што има четири индустриски зони, општина која што е позната по објектите што просперираат во индустриските зони и тоа објекти за откуп и преработка на земјоделски култури и затоа мислам дека денес сме на правото место. Навистина заслужуваше општина Василево да биде домаќин на оваа манифестација каде што ќе бидат поделени грантови од страна на ТИКА. Земјоделска механизација и пластеници. Во таа насока, денес преку ТИКА на одреден број земјоделци, ќе биде доделена директна помош со што ќе се овозможи развој на производството на раноградинарски култури. Заедно со субвенциите од Владата на Р.Македонија и оваа директна помош од ТИКА, во голема мера ќе се помогне на земјоделците во процесот на производство“, рече градоначалникот Андонов, во обраќањето https://www.facebook.com/vasilevo24/videos/3180553408768467, кое е споделено и на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24. Задоволен од досегашната соработка градоначалникот на општина Василево изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи соработката и дека ќе бидат реализирани уште многу проекти.
На настанот му претходеше средба и во кабинетот на Градоначалникот.





