Во Пиперево се подготвува улица за асфалтирање

Градоначалникот  н аопштина Василево Славе Андонов, денес направи увид во тековните работи на улицата во изградба во населеното место Пиперево. Тековно се работат последните подготвителни активности за асфалтирање на улицата,  кое според информациите од изведувачот ќе биде завршено до крајот на оваа недела.

Задоволен од текот на одвивање на планираното, градоначалникот информира дека ова е последната улица што ќе биде асфалтирана во оваа календарска 2022 година и дека во наредната година, општината во континуитет, согласно планираното ќе продолжи со изградба и подобрување на локалната патна инфраструктура.

Оваа улица е во должина од 173 метри и ширина на коловозната лента од околу 3,5 метри.

Буџетот за нејзина реализација, согласно Договорот склучен со компанијата изведувач изнесува 883 762 денари, средства обезбедени од општинската каса.

Изведувач на градежните работи на терен е компанијата  Бони интерградба.

DSC_0397_1024x681 DSC_0399_1024x681 DSC_0410_1024x681 DSC_0414_1024x681 DSC_0417_1024x681

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail