Во Радичево одбележан историски настан

Денес, со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, беше одбележана 82-годишнината од средбата на струмичката и радовишката младина на која биле поставени  темелите на идната заедничка револуционерна соработка.

За настаните од тој период,  за целта и мотивите на тогашната средба беше прочитан реферат.

Пред спомен плочата се поклонија делегаии од општина Василево и од општинските одбори  на Сојузот на борците од Струмица и Струмичко и Радовиш.

DSC_0702_1024x681 DSC_0707_1024x681 DSC_0712_1024x681 DSC_0716_1024x681 DSC_0720_1024x681 DSC_0724_1024x681

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail