На 12.06.2024 година (среда) на територијата на општина Василево ќе се прска против комарци.
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во чија надлежност е оваа активност, информира дека во текот на деновите 11 и 12. 06 2024 година, односно вторник и среда, во периодот од 20,00 часот до полноќ, ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци во општините од Југоисточниот плански регион.
Прскањето ќе се спроведе според следниот распоред: на 11.06. (вторник) ќе се прска во општините Валандово, Дојран, Радовиш и Конче а на 12.06. (среда) во општините Ново Село, Босилово Василево и Струмица.
Доколку временските услови се неповолни, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши кога условите тоа ќе го дозволуваат. Во споменатиот период сопствениците на пчелни семејства, треба да преземат соодветни мерки за да ги заштитат своите пчели.





