На 14.09.2022 година (среда), ОО Црвен крст Струмица во соработка со Службата за трансфузиона медицина и поддршка од ЕЛС Василево, организира крводарителска акција со граѓаните и вработените во општина Василево.
Акцијата ќе се спроведе во просториите на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, во периодот од 09,00 до 14,00 часот.
Од ЦК Струмица, www.facebook.com/CrvenKrstStrumica, информираат дека крводарувањето не е поврзано со Ковид -19 и е сосема безбедно. Граѓаните кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за здравство.
Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.





