Вечерва, , по повод празникот Мала Богородица, кој е селска слава во ова населено место, започнува Меморијален турнир во одбојка, кој се организира во чест на прерано починатите Ѓорѓи Лазаров -одбојкар и Војо Стојановски – спортски работник, двајцата заслужни за развојот и спортските успеси на ОК „Сушево“ од с. Сушево. Главен покровител на Турнирот, кој како спортски настан од особено значење за општина Василево е влезен и во општинската Програмата за спорт, рекреација и манифестации, е општина Василево.
„Поддршката на спортот останува високо на агендата на нашите приоритети како локална самоуправа. Овој турнир е само еден од низата спортски настани и манифестации зад кои финансиски застанува општина Василево. Нивните успеси се наша гордост. Упатувам честитки до организаторите, фер плеј и многу успеси учесниците“ , изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
На турнирот ќе се натпреваруваат шест екипи. Група А: Ветерани Сушево, Киваго Банско, Панче комерц Нова Маала и Група Б: ОК Сушево, Авелино Бутик и Злеово.
Вкупниот награден фонд изнесува 40 000 денари.
Натпреварите ќе се играат на одбојкарското игралиште во с. Сушево со почеток во 20,00 часот.





