Вчера, на вториот ден од големиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велгден, во с. Сушево, во организација на КУД „Сушевски бисери“ и под покровителство на општина Василево, се одржа голем фолклорен концерт, насловен како „Во чест на големата радосна вест“.
„Сушево денес беше обоено во боите на Македонија. Прекрасна глетка и организација. Фолклорен фестивал кој ќе прерасне во традиција“, напшиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој како главен покровител им се обрати на присутни и го отвори концертот.
„Посебна е радоста што токму денешниот ден, најрадосниот за нас Православните Христијани, денот на победата на животот над смртта, денот на Христовото воскресение, е одбран од страна на организаторот КУД „Сушевски бисери“, за ваков прекрасен настан: Фолклорен концерт кој преку музиката и орото, ќе го отслика животот на македонската нација низ вековите. Општина Василево како почитувач на традицијата, културата и уметноста, во улога на главен покровител на денешниот настан, на најдиректен начин дава поддршка во развојот и негувањето на нашите културни и традиционални вредности, рече градоначалникот Андонов, притоа изразувајќи надеж дека истиот ќе прерасне во традиционален кој ќе ги наднине не само локалните туку и нациналните рамки. На тој пат Ви посаклувам успех и ви ветувам дека општина Василево и во иднина ќе стои зад Вас“, им порача градоначалникот Андонов на организаторите.
На концертот со своите изведби, покрај домакините КУД „Сушевски бисери“, се претставија и ФА „Китка“, с. Ораовица, КУД „Кирил и Методи“, с. Иловица, ФА „Злевски бисери“, с. Злеово, ФА „Подарешани млади“, с. Подареш, ФА „Бучим“, Радовиш и Оркестар за народни инструменти при ООМУ „Боро Џони“, Струмица.,
Концертот ќе се одржи на одбојкарското игралиште во с. Сушево.





