Во с. Василево ќе се спроведе Пробен попис на земјоделство

Во периодот од 15 до 30 јуни, 2022 година, Државниот завод за статистика ќе спроведе Пробен попис на земјоделството, со цел да се тестираат методолошките и организационите аспекти за спроведување на главниот Попис на земјоделството планиран за 2023 година.

Населеното место Василево е едно од избраните населени места во кои ќе се спроведе Пробниот попис. Од Државниот завод статистика информираат дека методологијата и организацијата на оваа статистичка активност е организирана во согласност со ЕК-регулативата за интегрирани земјоделски статистики бр. 2018/1091 и на тој начин ќе се обезбедува продукција на статистички податоци во согласност со европските стандарди.

Населението и деловните субјекти од с,. Василево кои ќе бидат опфатени со Пробниот попис во периодот од 15-30 јуни, ќе бидат посетени од обучени попишувачи од Државниот завод за  статистика со користење на таблети во кои е вградена апликацијата за прибирање на податоци.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail