Денес во населеното место Чанаклија, започна изградбата на улицата кон Католичката црквa, која е планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2022 година.
На стартот на градежните активности присуствуваше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, чиј став е дека изградбата на улици низ населените места на општина Василево ќе продолжи се додека и последната селска улица не биде асфалтирана, бидејќи добрата патна инфраструктура е основа за пристојни услови за живот на граѓаните.
Улицата е долга 137 метри , а широка околу 3,2 метри.
Буџетот за нејзина реализација, во износ од 648 057 е обезбеден од општинската каса.
Изведувач на градежните работи е компанијата Бони интерградба.





