Под покровителство на општина Василево, во населеното место Чанаклија се одржува Велигденскиот турнир во фудбал. Турнирот започна во недела на 09.04.2023 г, и ќе трае до првиот ден на Велигден, недела, 16.04.2023, кога ќе се одиграат финалните натпревари и ќе се прогласат победниците на турнирот. Натпреварите се играат на игралиштето во с. Чанаклија,
На стартот на турнирот присуствуваше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, најавувајќи го овој спортски настан на учњесниците им посака фер игра, спортска атмосфера и секако успеси на учесниците.
„Започна турнирот во голем фудбал во Чанаклија. Општина Василево е главен покровител на турнирот. Турнирот во Чанаклија секогаш ќе ја има подршката од општина Василево. Им посакувам успех на сите пријавени екипи и се надевам дека целиот турнир ќе се одвива во фер и спортска атмосфера и ќе победи најдобриот“.





