На 16.12.2021 година (четврток) со почеток во 10,00 часот во хотелот Мис Стон (Miss Stone) Градашорци, по повод 16-ти Декември – денот на општина Василево, Советот на општина Василево ќе одржи Свечена седница.
Свои обраќања ќе имаат претседателот на општинскиот совет, Ристо Делијанов и градоначалникот Славе Андонов.
На седницата, за посебен придонес во работата и развојот на општината, ќе бидат доделени и јубилејни награди.





