Детската градинка „Прва радост“ од Василево со приредба подготвена од дечињата од големата група ја одбележа неделата на детето. Присутните ги поздрави директорката на градинката г-ѓа Даниела Трајковска. Во духот на неделата која се одбележува, со пораки до возрасните кои се однесуваат на детските права, дечињата го „накитија“дрвото кое го краси ѕидот на нивната училница.
Приредбата ја проследи и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој за дечињата имаше подарок изненадување. Сите дечиња добија симпатични престилки со името на градинката, кои се посебно корисни при изведување на секојдневните креативни активности.





