„Нашиот македонски народ со право може да се гордее со една богата култура и традиција, која е создавана со векови и постојано се надградува и се пренесува. Заедно со граѓаните во Дукатино по повод славата на манастирот Св. Екатерина! Нека е за многу години“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој вчера присуствуваше на сенародниот црковен собир во с. Дукатино.
Секоја година на празникот на Св. Екатерина, во Дукатино, во дворот на манастирот посветен на оваа светица се одржува црковен собир кој овде ги собира не само верниците од ова населено место, туку и од други населени места, посебно соседните кои се редовни посетители на овој црковно-верски настан.





