Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на свеченоста по повод 8-ми Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, од страна на ОО Црвен крст Струмица, во знак на благодарност за успешната соработка и поддршка доби плакета.
„Успешната соработка со ОО Црвен крст Струмица ќе продолжи и во иднина. Општина Василево како институција во служба на граѓаните, секогаш кога од страна на Црвениот крст биле организирани активности за помош и поддршка на граѓаните, во рамките на своите можности, се вклучувала со свои ресурси и несебечно помагала. Плакетата е признание за досегашните резултати но и мотив повеќе како општина да продолжиме да ја негуваме и унапредуваме меѓусебната соработка, и заеднички да помагаме онаму кадфе што е најпотребно“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по повод доделувањето на плакетата од страна на ОО Црвен крст Струмица.
Под мотото „Биди човечен“, свечениот настан е одржан синоќа, во Центарот за култура во Струмица, во организација на ОО Црвен крст Струмица.





