Вчера, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,беше домаќин на амбасадорот на РТурција во РСМакедонија, НЕ Хасан Мехмет Секизќок и неговите соработници.
На средбата која започна во кабинетот на градоначалникот, во пријателска атмосфера се разговараше за можностите за соработка со конкретизирање на прашања и проблеми во населените места каде што живее турско население а кои бараат решавање.
Амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок изрази подготвеност за секаква соработка со општина Василево и насочување на турските бизнисмени да инвестираат во руралниот развој. Средбата продолжи со посета на населените места Василево, Градашорци, Добрашинци, Нова Маала, Чанаклија, Висока Маала и Пиперево, каде беа остварени заеднички средби со турското население во овиое населени места. Заедно со претставници од стручните служби на општината посетена беше и индустриската зона КО Градашорци.
Ова е втора средба на градоначалникот Андонов со амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок и истата птретставува континуитет во соработката на општина Василево со Амбасдадата на РТурција во РСМакедонија.
За средбата со амбасадорот преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информација сподели и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
„Амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок, денес ја посети општина Василево. На средбата се разговараше за повеќе важни теми и области, низ кои континуирано се продлабочува соработката на општина Василево со градови од Турција.
Посебен акцент на средбата беше ставен на економската соработка, која се потврдува и со сериозната заинтересираност на турски компаниии за инвестиции во индустриската зона во нашата општина. Информиравме за отвореноста на локалната самоуправа и поддршката која ја овозможува општината во рамките на својата надлежност и за развој на други бизнис идеи кои ќе придонесат за економско јакнење на општина Василево. По претставувањето на спецификите, особеностите, можностите и капацитетеите со кои располага општина Василево, како и отворено изразената воља за пријателство од наша страна, разговорот се водеше околу можностите за заедничка соработка во повеќе области и реализација на конкретни активности од кои бенефит би имале двете страни. На средбата, разговаравме и за историската поврзаност на двете држави. Се разговараше и за соработката во областа на образованието и културата, а после средбата во кабинетот, со амбасадорот Секизќок, ги посетивме населените места Градашорци, Василево, Добрашинци, Нова Маала, Чанаклија, Пиперево и Висока Маала. Со амбасадорот ја посетивме и индустриската зона во Василево.
Продолжуваме да работиме, Општина Василево да биде меѓународно препознаена и афирмирана. Отвараме нови перспективи за општина Василево“, напиша на својпот ФБ профил, градоначалникот Андонов.





