Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, синоќа во пресрет на празникот Ѓурѓовден, во населеното место Едрениково беше гостин на традиционалните Ѓурѓовденски средби. Години наназад, во ова населено место, каде селска и црковна слава е Ѓурѓовден, се одржува оваа манифестација чиј покровител е општина Василево.
„Традицијата продолжува, одбележани традиционалните ѓурговденски средби во Едрениково, пред големиот христијански празник Ѓурѓовден“, стои во објавата на градоначалникот Андонов, споделена на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24. Градоначалникот Андонов исто така беше присутен и на народниот собир во манастирот Св. Ѓорѓи во с. Дукатино.
„Во Дукатино присуствувавме на народниот собир во манастирот св.Ѓорѓи. Го празнуваме будењето на природата, на животот и новата пролет, новата надеж. Нека ни е за многу години празникот“, стои во неговата објава.





