Капитални проекти во вредност 35 000 000 денари оваа година ќе се реализираат во населеното место Пиперево. Информацијата, синоќа во Пиперево, на средба со граѓаните од ова населено место ја сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, најавувајќи како што пишува во неговата ФБ објава, https://www.facebook.com/vasilevo24, градежна офанзива како никогаш претходно.
„Презентирав убави вести за граѓаните на населеното место Пиперево. Оваа година општина Василево ќе инвестира околу 35 милиони денари во капитални проекти само во Пиперево. Во Пиперево следува градежна офанзива како никогаш претходно. Оваа година во Пиперево ќе се реализираат следните проекти: Ќе се асфалтира главната улица од влезот до центарот на населеното место со атмосферска канализација; Изградба на последниот крак од фекална канализација; Асфалтирање на улицата до болницата; Асфалтирање на улицата кај Ване Цветков.Овие проекти граѓаните на Пиперево ги заслужуваат.“, стои во објавата на Градоначалникот.
На средбата со жителите на Пиперево присуствуваа и првите луѓе на општинските институции. Директорката на ЈПКД „Турија“, Василево, директорот на детската градинка „Прва радост“ Василево и директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.





