Градоначалникот на општина Василево, Славе Aндонов, на покана на отецот Ванчо Назов од црквата ,,Свети великомаченик Георги“ во Чанаклија, присуствуваше на Велигденска литургија богослужена од бискупот скопски и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов. За овој настан градоначалникот Андонов информираше преку својот ФБ рпофил, https://www.facebook.com/vasilevo24
„Денес на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден со претседателот на Советот – Ристо Делијанов присуствувавме на света Велигденска литургија во црквата ,,Свети великомаченик Георги“ во Чанаклија на покана на о. Ванчо Назов . Светата Велигденска литургија ја служеше бискупот скопски и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов. Нашата вера се заснова на сведоштвата на оние што го виделе воскреснатиот Христос. Исто така, светот околу нас живее според верата што ние самите ја исповедаме и сведочиме со нашиот живот. Со таа вера ќе живеат генерации по нас. Носени од оваа вера и „големата надеж“ на вечниот живот, никогаш не смееме да се умориме да правиме добро и да сведочиме за Исус Христос, воскреснат од мртвите“, порача преку својот ФБ профил градоначалникот Андонов, по светата Велигденска литургија.





