Градоначалникот Андонов на националниот караван „До Вас, за Вас“

Градоначалникот на општина  Василево Славе Андонов, вчера присуствуваше на националниот караван „Од Вас, до Вас“, организиран од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, кој се одржа во градскиот парк во Струмица.
„Денес присуствував на Националниот караван под мотото ,,До Вас,за Вас” во организација на Бирото на Јавна Безбедност при МВР, предводен од Директорот Александар Јанев и Началникот на СВР Струмица, Дејан Ефтимов. Полицијата е во служба на заедницата, неопходно е градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Андонов споделувајќи ги импресиите од настанот на кој граѓаните имаа можност да се запознаат со капацитетите, опремата и ресурсите со кои располагаат МВР и БЈБ.
Настанот го посетија и учениците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево кои одблиску се запознаа со начинот на работа на припадниците на МВР.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail