Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, беше гостин на Новогодишната приредба подготвена од дечињата во детската градинка „Прва радост“ Василево. Најмалите, на најубав начин со новогодишни песнички и драматизации ја испратија старата и се упатија најубави желби за Новата 2023 година.
Со специјално изработени честитки, срамежливо и детски искрено му ја честитаа Новата 2023 година на градоначалникот посакувајќи му среќа и здравје во годината што иде.
„Здравје, среќа, радости и безброј причини за детски насмевки, бидете весели, радувајте се и уживајте во детството, а ние возрасните заедно со Дедо Мраз ќе се погрижиме желбите да ви станат реалност. Нека Ви е среќна и весела Новата 2023 година“ им посака градоначалникот Андонов на дечињата.





