Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на првиот ден од Новата 2024 година, присуствуваше на Манифестацијата „Сречки“, организирана по повод Нова година од жителите на ова населено место.
Обраќајќи им се на присутните граѓани изрази задоволство и упати честитки до луѓето вклучени во организацијата изразувајќи надеж дека ќе прерасне во традиција: „Се надевам дека ова ќе прерасне во традиција, бидејќи во ова време во кое живееме ваквите манифестации се многу битни“. Како градоначалник на општина Василево се осврна и на реализираните ветувања во годината што измина и проектите кои ќе бидат реализирани во тековната 2024-та. „Она што го ветив од овде минатата година, почна да се реализира, а тоа е последниот крак од фекалната канализација, кој очекуваме рано на пролет целосно да завршат градежните активности. Идната година сите улици кои остана а во Пиперево ќе бидат асфалтирани а се надеваме и главната улица која е од влезот до центарот на Пиперево ќе ја асфалтираме и ќќе биде поставена атмосферска канализација. Со тоа ќе ги решиме најглавните проблеми на населеното место Пиперево. На крајот од обраќањето градоначалникот Андонов им посака среќна и успешна 2024 година.
Ваква Манифестација, на која исто така присуствуваше градоначалникот, во саботата, во пресрет на Новата година се одржа и во населеното место Нова Маала
За двете Манифестација, Советот на општина Василево, на својата последна седница позитивно одговори на Барањата за спонзорство и додели по една машина за миење садови.





