Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во предвечерието на големиот христијански празник Св. Илија, во населеното место Радичево, во црквата која го носи името на овој голем светец, заедно со народот присуствуваше на големиот црковен собир- настан кој за овој празник, кој е и селска слава во Радичево, традиционално, се одржува секоја година.
„Нашиот народ си ја негува традицијата, си ја сака црквата и државата. Наша обврска е да бидеме со народот на овие големи празници. Вечерва присуствував на народниот собир во црквата Св.Илија во Радичево“, напиша на својот ФБ профил https://www.facebook.com/slave.jemi, градоначалникот Андонов, кој притоа се осврна и на Илинден. „Илинден е датум кога Македонија слави за успехот, за храброста и за херојството и се искажува почитта кон жртвите кои ги положија животите за слободна Македонија“.
„За многу години православниот празник Св.Илија! Да ни е честит и за многу години Илинден !,“, стои во објавата на ФБ профилот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/slave.jemi





